Кошарка
БиХ ја совлада Русија во квалификациите за СП во кошарка
Кошаркарите на Босна и Херцеговина ја совладаа селекцијата на Русија во првото коло од квалификациите за Светското првенство што ќе се игра во 2019 година во Кина.
Тие со 81-76 славеа над Русија. Селекцијата на Босна ја предводеше Џанер Муса со 18 поени и Немања Гордиќ кој имаше 16.
Вториот неочекуван резултат се случи на дуелот меѓу Холандија и Хрватска во кој на победата се радуваа домашните кошаркари.
Комплетни резултати од 1.коло во квалификациите за СП:
Група А: Словенија – Белорусија 87-74 и Црна Гора – Шпанија 66-79
Група Б: Турција – Летонија 85-73 и Шведска – Украина 76-84
Група Ц: Полска – Унгарија 70-60 и Косово – Литванија 61-99
Група Д: Холандија – Хрватска 68-61 и Италија – Романија 75-70
Група Е: БиХ– Русија 81-76 и Белгија – Франција 59-70
Група Ф: Бугарија – Финска 80-82 и Чешка – Исланд 89-69
Група Г: Германија – Грузија 79-70 и Србија – Австрија 85-64
Група Х: Израел – Естонија 88-66 и Велика Британија – Грција 92-94 (по продолжение 82-82)
Во недела и понеделник се играат дуелите од второто коло.