Connect with us

Фудбал

Билд: Се знае во која насока сака да оди Халанд

Ситуацијата околу Ерлинг Халанд и неговата иднина би требало да биде појасна веќе во зима.

Одличниот Халанд моментално е повреден и прашање е дали ќе игра до крајот на годината. Борусија Дортмунд со нетрпение го очекува неговото враќање, но веќе не се сигурни дали во следната сезона ќе го имаат овој Норвежанец во своите редови.

Според „Билд“, Халанд сака да замине во Шпанија, поточно во Реал Мадрид, иако го сакаат и клубовите од англиската Премиер лига, а наводно таа лига е на второто место кога се во прашање желбите на Халанд.

Досега медиумите пишуваа дека во договорот на Халанд со тимот од Дортмунд има клаузула за обештетување од 75 милиони евра, но се чини дека за него ќе треба да платат многу повеќе.

Борусија се надева дека тој ќе остане во клубот и му нуди 16 милиони евра по сезона, но играчот сака многу повеќе. Шпанскиот весник АС пресмета дека трошоците за доведување на Халанд и провизијата за агентот Мина Раиола ќе изнесуваат околу 400 милиони евра.

Халанд ќе биде многу баран на лето, богатите клубови посебно ќе сакаат да го купат, но наводно играчот решил да игра за Реал.

Тој оваа сезона постигна 13 гола на 10 натпревари во сите натпреварувања и има четири асистенции. Тој е втор стрелец во Бундеслигата со девет гола, додека Левандовски моментално е прв со пет гола предност.

Реклама

Facebook

Реклама