Connect with us

Ракомет

Битолчани во „Боро Чурлевски“ ќе гледаат Лига на шампиони – Еурофарм ја бара под концесија

Битолчани конечно ќе може во Битола да гледаат квалитетет ракомет и да уживаат во спортските игри. Откако Еурофарм работник доби покана за Лигата на шампионите, клубот ќе ја бара спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола под концесија со што ќе биде пријавена како свој домашен терен.

Спортската сала во Битола моментално ги исполнува условите, но за тоа уште еднаш ќе треба да потврди инспекцијата на СЕХА и ЕХФ која веќе е најавена.

Следната недела Еурофарм Работник ќе ги дознае противниците за групната фаза на Лигата на шампионите, а веднаш потоа ќе биде откриен и календарот за СЕХА лигата.