Connect with us

Кошарка

Блејк Грифин во друштво на Олајџувон и Робинсон

Еден од најатрактивните забивачи во НБА-лигата, Блејк Грифин, има одиграно стотина перфектни натпревари, а неговата одлична статистика остана на завидно ниво и покрај тоа што тимот од Лос Анџелес Клиперс го замени со овој на Детроит. Токму во дресот на „пистонс“ влезе во историјата на најквалитетното клупско натпреварување, откако стана петти кошаркар кој на еден натпревар забележал квадрипл-дабл, во четири статистички категории имал двоцифрен број учинок. Тој во поразот од Милвоки со 107:104 запиша 19 коша, 11 асистенции, десет скока и исто толку загубени топки! Звучи чудно, но според стручњаците во НБА-лигата, ова е легитимен квадрипл-дабл, и покрај тоа што во статистиката се влезени и загубените топки.

Пред него со вакво остварување можат да се пофалат кошаркарските легенди, Најт Турмонд (1974 година), потоа Елвин Робертсон (1986), Хаким Олаџувон (1990), како и Дејвид Робинсон (1994).

Резултати: Кливленд – Индијана 91:92, Аталанта – Вашингтон 118:110,  Бруклин – Лос Анџелес Лејекрс 115:110, Денвер – Далас 126:118.