Connect with us

Фудбал

Блескаше на ЕП, а потоа ја одби поканата од Манчестер Јунајтед

Џовани Ди Лоренцо остави одличен впечаток на Европското првенство во дресот на италијанската репрезентација.

Италијанците во неделата по пенали успеаја да ја совладаат Англија во финалето на Евро и да стигнат до титулата европски шампион.

Ди Лоренцо беше стандарден член на тимот на Роберт Манчини и со своите игри го привлече вниманието на многу европски великани.

Во претходните денови, Ди Лоренцо беше поврзуван со трансфер во Манчестер Јунајтед, но сега е јасно дека нема да има ништо од неговото заминување во англиското првенство.

Имено, Наполи вечерва потврди дека Ди Лоренцо потпишал нов договор и дека ќе остане во клубот од Неапол до летото 2026 година.

Се шпекулираше дека Наполи може да ги искористи добрите игри на Ди Лоренцо на Европското првенство и да го продаде ова лето, но Де Лаурентис повторно покажа дека парите не му се толку важни.

Наполи на овој 27-годишен играч му понуди нов договор, кој тој го прифати без многу размислување, а вечерва сè се официјализира.

Ди Лоренцо потекнува од Реџина, а во Наполи пристигна летото 2019 година од Емполи за осум милиони евра, што беше одлична работа.