Connect with us

Фудбал

Близок пријател на Бензема тврди: Мбапе доаѓа во Реал Мадрид, познато е и кога?!

Мухамед Хени е познат инфлуенсер и јутјубер, кој помеѓу останатото е во добри односи со Карим Бензема. Често се заедно, а неколку пати оделе на летен одмор заедно. Сега, тој на својот јутјуб канал тврди дека од сигурни извори дознал дека Килијан Мбапе следната сезона ќе игра во Реал Мадрид. Според него, тоа ќе се случи во август, односно во последната недела од трансфер преодниот рок кога завршува во Франција и Шпанија.

Многумина веруваат дека ова е вистина и дека главниот извор на овие информации е токму Бензема, добриот пријател на Хени. Овие шпекулации се „подгреваат“ и со фактот што Мбапе и Бензема се во одлични односи, како од репрезентацијата, така и во приватниот живот.