Connect with us

Фудбал

Блокиран стадион во Торино

Јувентус и Интер вечерва во Торино играат во 26 коло од италијанската Серија А. По првото полувреме резултатот е 0:0.

Газета пренесува дека стадионот во Торино е блокиран и дербито го гледаат близу 500 луѓе. Се разбира, ова вклучува службен персонал, новинари, безбедност.

Италијанските власти, потсетуваме, решија да ја стават во карантин целата провинција Ломбардија и 14 други северни и централни области, дом на скоро 16 милиони луѓе.

Патем, Јувентус побара од УЕФА реваншот од осмото финале во Лигата на шампионите против Лион да се игра на Малта, но барањето беше одбиено.