Connect with us

Фудбал

Боатенг го добил Јунајтед затоа што не се кандидати за освојување ЛШ

Дефанзивецот на Баерн Минхен не сакаше да премине во редовите на тимот од „Олд Трафорд“ поради сосема едноставна причина. Тој смета дека „Црвените ѓаволи“ не се конкурентни за освојување на Лигата на шампионите.

Боатенг во текот на неделава разговараше со менаџерот на Јунајтед Жозе Мурињо. Му ја соопшти својата причина и тука беше крајот на сите дилеми за трансферот.

До крајот на преодниот рок Боатенг сепак би можел да направи трансфер. За неговите услуги е заинтересиран ПСЖ, а и германскиот стопер е заинтересиран за доаѓањето во редовите на тимот од „Паркот на принцовите“.

Меѓутоа не е исклучена и опцијата да остане во Баерн каде има големо почитување од тренерот Нико Коваќ.