Фудбал
Боатенг ќе мора да плати милионска казна, ја тепал поранешната сопруга
Поранешниот германски фудбалски репрезентативец Жером Боатенг е осуден на парична казна од 1,8 милиони евра за намерно нанесување телесни повреди и навреда.
Долгогодишната фудбалска ѕвезда од Бајерн Минхен е прогласен за виновен за нанесување повреди на својата поранешна животна сопатничка и мајка на неговите ќерки-близначки во текот на еден одмор пред три години. Обвинителството бараше условна затворска казна од една и пол година и парична казна од 1,5 милиони евра.
Според Обвинителството, Боатенг ја удирал својата поранешна животна сопатничка со боксови, ја тепал и гризел по главата, ја фрлил на подот и притоа жестоко ја навредувал. Обвинението гласи – навреда и телесни повреди. Судот, пак, во својата пресуда поаѓа само од еден „удар со упаница“ в лице.
Боатенг пред судот ги отфрли обвинувањата. Вели дека не бил насилен и не ја нападнал својата тогашна партнерка