Connect with us

Други спортови

Бобан Илиоски ќе се бори за злато на СП во кик бокс во Португалија

Бобан Илиоски обезбеди пласман во големото финале на СП во Португалија во Кик Бокс. Во категоријата до 86 килограми тој има можност да освои златен медал во дисциплината лоу-кик. За најсјајното одличје Илиоски ќе се бори со Нубрек Уришбоев од Узбекистан, откако во полуфиналето беше подобар од Елјан Алкишиев  од Азербејџан со 3:0. Борбата за златниот медал на програмата е утре.

??????????????????????????????????????????????????????????

На ова првенство учествуваат 1429 натпреварувачи од 77 држави.

Светско првенство:

-86 кг лоу кик
Бобан Илиоски – Алберт Угринчиќ (БиХ) 3-0 ¼ финале
Бобан Илиоски – Елјан Алкишијев (Азербејџан) 3-0 ½ финале
Финале
Бобан Илиоски – Нурбек Уришбоев (Узбекистан)