Connect with us

Други спортови

Богат пинг-понгарски викенд во Прилеп

Третиот турнир од Суперлигата и Првата лига во пинг-понг се одржа денеска во Прилеп.

Актуелниот првак „Вардар“ претрпе два пораза и се наоѓа на последното седмо место. Неизвесен натпревар одиграа прилепски Младост 96 и Шампион Фа од Штип. Славеа штипјани со 4:1, но три од пет одиграни партии завршија со резултат 3:2.

Лидер на суперлигашката табела е „Младост“ од Прилеп кој и денес не дозволи да изгуби ниту една партија. Така прилепчани имаат скор пет победи од пет натпревари и 16:0 во партии.

Во првата лига, Телеком НЕЦ 2 ја продолжи серијата без пораз и тие се најсериозен кандидат за пласман во супер лигата.

Вчера, во Прилеп за прв пат се одржа рангирен турнир за млади кадети на возраст под 12 години. На турнирот кај кадетите најуспешен беше Александар Јакимовски од Крива Паланка кој во финалето го совлада Ненад Тиловски од Телеком Нец 2 со 3:0.