Connect with us

Фудбал

Богатите сопственици го одврзуваат ќесето: Првото големо засилување пристигнува во Њукасл

Њукасл Јунајтед неодамна доби нов сопственик – инвестициски фонд од Саудиска Арабија на чело со престолонаследникот Мохамед Бин Салман.

Навивачите на овој клуб се многу возбудени поради доаѓањето на супербогатиот сопственик, а популарните Страчки во голема мера се подготвуваат за зимскиот преоден рок.

Медиумите во Англија пишуваат дека првото големо засилување на овој клуб ќе биде францускиот напаѓач Александре Лаказет, кој моментално настапува за лондонски Арсенал.

На крајот од сезоната на Французинот му истекува договорот со Топџиите, па јануари е последна можност да се земат такви пари за неговото обештетување. За потсетување, Арсенал во 2017 година на Лион му плати околу 53 милиони евра.

30-годишниот напаѓач нема задоволителна минутажа кај Микел Артета оваа сезона, бидејќи одигра само десет натпревари во сите натпреварувања (Премиер лигата и ЕФЛ куп) на кои успеа да постигне три гола и една асистенција.

Да потсетиме, Саудијците сега ќе поседуваат 80 отсто од акциите на Њукасл Јунајтед, а Аманда Стејвли и нејзината компанија PCP Capital и браќата Рубен по 10 отсто.

Реклама

Facebook

Реклама