Connect with us

Кошарка

Бојиќ му донесе нова победа на МЗТ Скопје

Кошаркарите на МЗТ Скопје ја забележаа и деветтата победа во Регионалната АБА 2 лига, откако на гостински терен славеа над Хелиос со 92:73.

По двата пораза од словенечки екипи на гостински терен, избраниците на Ѓорѓи Кочов дојдоа до првиот триумф против тим од оваа земја. „Металците“ во текот на сите 40 минути ја имаа резултатската контрола на мечот и на крајот сосема задлужено дојдоа до победата.

МЗТ Скопје со оваа победа се заврсти на второто место на табелата, а во последниот меч за оваа 2018 година „металците“ ги очекува ново гостување, во Србија против Борац од Чачак.