Други спортови
Боксери од Македонија „заглавени“ во Лондон
Јасин Лама и Гоце Јанески, двајца боксери од Македонија и нивниот тренер, кои учествуваа во квалификациски турнир за ЛОИ 2020, заглавија во Лондон. Затворањето на границите и откажувањето на летовите е причина за такво нешто.
Тие се добро, во хотел во Лондон, но се уште не можат да се вратат во Скопје, па македонското МНР прави напори да ги врати дома.
Се очекува попладнево да полетаат од Лондон за Солун, а потоа од таму до Скопје со автобус.
Голем број на македонски граѓани останаа „заглавени“ во други држави откако беше донесена одлука да се затворат границите поради алармантното ширење на коронавирусот.