Connect with us

Фудбал

„Боли кога ќе го вклучите телевизорот и ќе ги гледате сите тие тимови, а таму го нема Арсенал“

Тренерот на Арсенал, Микел Артета истакна дека е многу болно за него да ги следи европските натпревари, без неговиот клуб во некое од натпреварувањата.

„Топџиите“ играат многу слабо со години. Тие се далеку од тимот кој беше страв и трепет на сите, а оваа сезона не успеаја да се пласираат во Европа.

На Артета му беше многу тешко да гледа многу други тимови на ТВ.

„Боли кога ќе го вклучите телевизорот и ќе ги гледате сите тие тимови, а таму го нема Арсенал“, рече Артета, додавајќи:

“Навистина е болно. Сто проценти е вистина. Не сакам да седам дома и да го гледам Арсенал надвор од европските натпреварувања”, рече Артета.

Лондонскиот тим и оваа сезона започна многу лошо. Победија само на еден од четирите натпревари, но сите се надеваат дека сезоната ќе биде многу подобра од претходната.

Сепак, ќе им треба навистина одлична игра до крајот на сезоната и ќе видиме како се ќе заврши за Арсенал.