Connect with us

Фудбал

Болт кажа за кого ќе навива на СП

Некогаш најбрзиот човек на светот, Усеин Болт има свој фаворит за кого ќе навива на Мундијалот во Русија. Спринтерот од Јамајка и осумкратен олимписки шампион е фан на Аргентинците“.

– Јас сум обожавател на Аргентина. Мислам дека имаме добри шанси ако добро играме. Можеме да стигнеме до финалето, па дури и да победиме на турнирот. Со нетрпение очекувам да го гледам Светското првенство и да ги гледам големите тимови, вели Болт.

Аргентина на Мундијлот е во Д-групата со репрезентациите на Исланд, Хрватска и Нигерија.