Фудбал
Бомба на Ливерпул – светскиот првак!
![](https://sportm.mk/wp-content/uploads/2023/04/liverpul-transfer.jpg)
Фудбалскиот клуб Ливерпул планира голема реконструкција без разлика на позицијата на која „црвените“ ја завршуваат тековната сезона. Според последните информации, Ливерпул ги забрзал преговорите со Алексис Мекалистер, кого Брајтон тешко ќе го задржи во летниот преоден рок.
Аргентинецот има одлични настапи на Мундијалот, потоа Роберто Де Зерби му ја најде вистинската позиција во Брајтон и сите погледи се вперени кон него до крајот на сезоната. Се споменуваше и Челзи, но се беше запрено со заминувањето на Греам Потер, па сега Ливерпул скокна во прв план.
Мекалистер може да игра на повеќе позиции и во неколку системи и е навистина благодарен играч за идеите на Клоп. Средниот ред на Ливерпул бара најголеми промени во лето, а Мекалистер без сомнение би бил вистинско освежување. Сепак, неговото доаѓање сигурно нема да влијае на потенцијалниот трансфер на Џуд Белингем, кој останува цел број еден на Јирген Клоп.