Connect with us

Тајмаут

По*но актерка откри како Икер Касиљас ја шармирал, за прв пат призна дека се гледаат (ФОТО)

Легендата на Реал Мадрид, Икер Касиљас е виден со актерката од филмови за возрасни, Клаудија Бавел, што ја шокираше јавноста во Шпанија, а за тоа проговори и девојката која го освои срцето на славниот голман.

Јавноста на Пиринејскиот Полуостров беше шокирана што Касиљас е виден во друштво на Клаудија, а сега таа сето тоа го потврди во емисијата „Y ahora sonsoles“.

-Почна да ги лајкува моите слики. Еден ден ми пиша. Почнавме да разговараме и разговаравме многу месеци додека не дојде време тој да дојде во мојот град на фудбалски турнир. Бевме слободни, се запознавме, убаво си поминавме. Одлично се сложуваме, мислам, сабајлево му ја покажав веста од медиумите и му реков човеку што е ова?“ И рече „добро, ајде да заборавиме на тоа, како си?“ И тогаш ја сменивме темата. Се гледаме и разговараме речиси секоја недела, вели таа.

За потсетување, тие беа фотографирани додека престојувале во истиот хотел во Барселона.