Connect with us

Фудбал

„Бомба“ на угледниот британски медиум: Италијански тим кој ќе игра во Лига на шампионите тргнува по Бојан Миовски

БОЛОЊА му се приклучени на Саутемптон во интересот за напаѓачот на Абердин, Бојан Миовски. Според угледниот Дејли Мејл, Абердин поставил цена од  6 милиони фунти, односно околу 7 милони евра. Се очекува македонскиот напаѓач да го напушти Абердин ова лето, кој постигна 26 гола во сите натпреварувања. 

Според Дејли Мејл за него се интересираат и Феенорд и Селтик, но сепак Болоња и Саутемптон се клубовите кои покажуваат поголем интерес.

Јасно е дека Зиркзе оваа сезона ќе ја напушти Болоња, бидејќи нема да одолее на понудите на големите клубови бидејќи има интерес од Јувентус, Интер и Милан. Поради тоа, раководството на Болоња гледа замена во Бојан Миовски кој имаше одлична сезона.

Болоња оваа сезона под палката на тренерот Тиаго Мота обезбеди пласман во Лигата на шампионите, освојувајќи го петото место во Серија А.