Connect with us

Фудбал

„БОМБА“ од Италија: Андреа Пирло нов тренер на Јувентус

Експресно по отказот врачен на Маурицио Сари, Јувентус назначи нов тренер. Првиот тим ќе го предводи легендарниот фудбалер Андреа Пирло. Тој пред само неколку дена се врати во тимот од Торино, беше назначен како тренер на вториот тим на „Старата дама“, кој се натпреварува во Серие Ц, но еве сега Јувентус на својата официјална интернет страница објави дека тој е новиот тренер на најдобриот состав.

Андреа Пирло потшиша двегодишен договор, односно до јуни 2022 година.