Connect with us

Фудбал

„Бомба“ од Италија, Игор Ангеловски по ЕП седнува на клупата на Џенова?!

Каква вест од Италија. Дел од медиумите пишуваат дека селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски по завршувањето на Европското првенство, каде за прв пат ќе игра со Македонија, би можел да седне на клупатана Џенова.

Угледниот италијански новинар Алфредо Педула, кој се занимава со трансфери на „чизмата“, пренесе сензационална вест.

Како што тврди, Давиде Балардини нема да остане на клупата на овој тим, иако со опстанокот во лигата, според клаузулата која ја има, автоматски му е продолжен договорот. Сепак, најверојатно поради незадоволството од неговата работа, тој следната сезона нема да го предводи тимот.

Педула пренесе дека првиот човек на клубот, Енрико Прециози веќе размислува за алтернатива, а прво име кое го посакува за клупата е селекторот на Македонија, Игор Ангеловски.

Прециози со сите сили се бори да го натера Горан Пандев да остане барем уште една сезона во Џенова и да не се пензионира, а евентуална аквизиција на Ангеловски може да биде пресуден момент.