Connect with us

Фудбал

Бонавентура ги помина медицинските прегледи и е пред договор со Фиорентина

Фиренца, 8 септември 2020 (МИА) – Играчот за врска Џакомо Бонавентура е блиску до приклучување кон Фиорентина, објави новинарот Николо Скира.

Според изворот, 31-годишниот Италијанец е на лекарски преглед пред трансферот, по што ќе потпише договор со „виолетовите“ до 2022 година со плата од 1,8 милиони евра годишно.

Во сезоната 2019/20, Бонавентура одигра 32 натпревари за Милан, постигна четири гола и шест асистенции.

Фудбалерот ќе ги напушти „росо-нерите“ како слободен агент. зс/