Фудбал
Бонавентура: Се надеваме дека ова е нов почеток за Милан
Џакомо Бонавентура беше двоен стрелец во победата на Милан над Болоња (2:1), прва по доаѓањето на Џенаро Гатузо на тренерското место на „росонерите“.
Бонавентура, смета дека овој триумф може да означи нов почеток на неговиот тим.
– Беше важно да победиме, бидејќи зад нас беше период на интензивна работа што не можеше да се види во нашите резултати. Ние имаме квалитетни играчи и се надеваме дека ова е нов почеток за Милан, рече Бонавентура.
Среќен сум. На почетокот на сезоната не бев во добра форма, но полека се враќам на 100 проценти. Мило ми е поради головите и за тоа што му помогнав на тимот д аги освои бодовите, додаде играчот од средниот ред на Милан.
По 16. коло во Серија А Милан е на 7. место со 24 бода.