Connect with us

Фудбал

Бориело по само пет месеци си замина од Ибица

Ветеранот на италијанскиот фудбал, Марко Бориело го напушти шпанскиот третолигаш Ибица по само пет месеци.

Поранешниот италијански репрезентативец го раскина договорот со клубот и бара нова средина на 36 години. Тој пристигна оваа година на познатиот остров во Шпанија како слободен играч од СПАЛ, но играше само на седум натпревари и при тоа не постигна гол.

Бориело во Серија А има дадено вкупно 96 гола додека играше за Милан, Рома, Јувентус, Џенова, Аталанта, Каљари и СПАЛ.

Тој има и седум настапи за Италија.