Фудбал
Борусија Дортмунд ја одреди цената за Ерлинг Халанд
Многу се пишува во изминатиот период дека Ерлинг Халанд по завршувањето на сезоната би можел да ја напушти Борусија Дортмунд и да се пресели во голем клуб. Ова е поради големиот интерес за него, а се чини дека најконкретен е Челзи.
Поради тоа Борусија Дортмунд ја одреди цената за него. „Дејли Мејл“ пишува дека германскиот тим нема да го пушти под 115 милиони евра. Неговиот менаџер Мино Рајола пред десетина дена изјави дека само десет клубови можат да си дозволат да го купат Халанд. Инаку, Борусија Дортмунд го плати 20-годишниот напаѓач „само“ 20 милиолни евра од Салцбург пред една сезона.