Connect with us

Фудбал

Борусија Дортмунд нов лидер, незапирливиот Халанд е пред Левандовски

Борусија Дортмунд барем ќе седне на врвот на табелата некое време.

Милионерите денеска го победија Мајнц со 3:1 во Дортмунд и се на врвот на табелата со 18 бода. Зад нив се Баерн и Баер со по 16 бода, а двата тима ќе се натпреваруваат в недела во Леверкузен. Халанд беше двоен стрелец за домашниот тим, а капитенот Ројс беше еден од стрелците.

Покрај тоа што Борусија го мина Баерн, Ерлинг Халанд го престигна Роберт Левандовски на табелата за најдобри стрелци. Норвежанецот има девет, а Полјакот седум гола и секако натпревар помалку.

Во еден од поинтересните дуели од ова коло, Фрајбург, кој е четврти на табелата, одигра 1:1 со Лајпциг. Форсберг погоди во 32. минута за гостите, но Јеонг Ву-Јеонг го спаси Фрајбург од пораз во 64. минута.

Унион Берлин беше подобар од Волфсбург со 2:0 (Авониј и Бекер), додека со головите на Рихтер и Екеленкамп Херта славеше со 2:1 во Франкфурт против Ајнтрахт. Пачиенсија беше стрелец на единствениот гол за домашниот тим од пенал во 78. минута.

Во најмалку интересниот дуел Фурт беше поразен од Бохум со 1:0. На десет минути пред крајот, Лосила на гостите им донесе големи три бода со кои ја напуштија опасната зона, додека Фурт беше закован на дното со само еден поен во осум натпревари.