Connect with us

Фудбал

Борусија побара итна средба со Халанд

Се уште се води дебата за Ерлинг Халанд, кој дефинитивно би можел да го промени клубот на лето.

Борусија Дортмунд тешко може да го задржи норвешкиот репрезентативец посакуван од многу европски великани, а германскиот клуб сега подготвува итен состанок за следната недела за да ги реши сите дилеми околу Халанд.

Дортмунд побарал средба со таткото на Халанд и неговиот агент Мино Раиол бидејќи сака што побрзо да дознае што планира Норвежанецот.

Актуелниот договор на напаѓачот со германскиот клуб трае до 2024 година, а неговата отштетна клаузула за ова лето би требало да изнесува 75 милиони евра.

Реал Мадрид и Барселона важат за фаворити пред другите, а наводно самиот фудбалер најмногу е заинтересиран за Кралевите.

Тој треба да си замине на крајот на сезоната, а Борусија очекува тоа да го соопшти следната недела на итен состанок.