Фудбал
Бошко Ѓуровски нов тренер на јапонскиот второлигаш Кјото Санга
Поранешниот македонски селектор Бошко Ѓуровски е назначен за нов тренер на јапонскиот второлигаш Кјото Санга.
Ѓуровски, кој крајот на минатата сезона го заврши на клупата на српскиот фудбалски клуб Црвена звезда, од почетокот на оваа сезона беше помошен тренер во Кјото.
Раководството на јапонскиот клуб го именуваше Ѓуровски за нов шеф на стручниот штаб, откако досегашниот прв тренер, Јапонецот Таканори Нунобе, доби отказ.
За 56-годишниот фудбалски стручњак ова ќе биде втор тренерски ангажман во Јапонија, откако во 2016 година беше тренер на прволигашот Нагоја.
Ѓуровски го очекува жестока битка за опстанок во втората лига, бидејќи Кјото Санга по 13 кола е последен на табелата со девет бодови.
Во својата тренерска кариера тој ги водеше и екипите на швајцарски Сервет, како и српските Црвена звезда, Рад и Раднички Обреновац.