Connect with us

Фудбал

Бошко Ѓуровски седнува на клупата на второлигаш, кој практично е тим на Црвена Звезда

Славното македонско фудбалско име Бошко Ѓуровски доби тренерска работа. Тој ќе биде на клупата на второлигашот од Србија, Графичар Београд. Овој клуб се натпреварува во тамошната втора лига, а Ѓуровски ќе има задача да ја стабилизира играта, но и да ја поправи, со оглед на тоа дека седум кола немаат победа.

Инаку, Графичар Београд е практично втор тим на Црвена Звезда, односно развоен тим. Екипа во која повеќето играчи се млади надежи на славниот српски тим.