Connect with us

Кошарка

Божиќно деби во шампионскиот дрес за Казинс

Кошаркарот на Голден стејт, Демаркус Казинс, ќе се врати на терен по божиќните празници, откако се уште е на рехабилитација по кинењето на ахиловата тетива.

Откако пристигна во редовите на актуелниот шампион во НБА лигата, првичните информации велеа дека ќе почне да игра кон крајот на ноември, поточно на турнејата која подразбира пет гостувања што почнуваат од утре, а се завршуваат на 7 декември. Сепак,  крилниот центар мора да причека за својот дебитантски настап за „воините“.

  • Нема никакви проблеми со рехабилитацијата и тој датум, крајот на ноември, туку ситуацијата со неговото деби е од кондициски карактер, Тој мора да биде целосно подготвен за да му се приклучи на тимот, а воедно и да ја врати својата препознатлива форма, откри лекарскиот тим на клубот.

Од натпреварите кои се одиграа во НБА лигата, екипата на Денвер во извонредна игра му одржа лекција по кошарка на тимот на Лос Анџелес Лејкерс, декласирајќи го составот предводен од Леброн Џејмс со убедливи 32 поени разлика (117:85). Клучната разлика беше создадена во третата четвртина по која Денвер поведе со 89:71, за во преостанатите 12 минути домаќините да продолжат да доминираат и на крајот убедливо да победат. Најефикасни во победничкиот тим беша Мареј, Милсап и Бисли со по 20 поени, додека на спротивната страна Кузма запиша 21 кош.

Резултати: Детроит – Њујорк 115:108, Мајами – Атланта 113:115, Мемфис – Торонто 114:122, Денвер – ЛА Лејкерс 117:85, Феникс – Индијана 104:109.