Connect with us

Фудбал

Братот на Мбапе во центарот на вниманието на јавноста: Не се двоумеше кога го повикаа

Килијан Мбапе допрва треба да го продолжи договорот со ПСЖ кој истекува на крајот од следната сезона, но од друга страна неговиот брат Итан нема дилема околу тоа.

Фановите на ПСЖ денес за момент се надеваа дека сагата околу престојот на Мбапе во клубот конечно беше решена откако парижаните на социјалните мрежи ја објавија веста со наслов „Мбапе потпиша договор“.

Многумина сметаа дека Килијан одлучи да го продолжи договорот со францускиот клуб, но тоа сè уште не е случај. Имено, договорот со ПСЖ го потпиша неговиот помлад брат Итан, кој дојде во клубот пред две години.

Тогаш овој 15-годишник дојде во пионерскиот тим на ПСЖ и покажа дека е навистина голем талент.

ПСЖ го препозна тоа и сега решија да му понудат договор што Итан, за разлика од неговиот брат Килијан, без двоумење го прифати.

Итан потпиша тригодишен договор со парижаните, а наводно многу наскоро би можел дури и да добие шанса во првиот тим на овој клуб, иако има само 15 години.

Братот на Мбапе во моментов е член на кадетскиот тим на ПСЖ, и тој треба да се приклучи на јуниорскиот тим од следната сезона.

Во ПСЖ се надеваат дека на овој начин би можеле да го убедат неговиот постар брат да остане во клубот и да потпише нов договор, што му го нудат со месеци. Но, се чини дека ова ќе се реши по завршувањето на Европското првенство.