Фудбал
Братот на Пол Погба осуден на три години затвор, затоа што се обидел да изнуди пари од него!
Шест лица, меѓу кои и братот на поранешниот француски фудбалски репрезентативец Пол Погба (31), Матијас Погба, се осудени денеска на затворски казни од три до осум години, откако судот ги прогласи за виновни за обид за изнуда.
Случајот датира од 2022 година кога Пол Погба обелодени дека бил цел на обиди за изнуда и закани од организирана банда негови пријатели од детството, чиј член е и неговиот брат. Погба тогаш го извести парискиот обвинител дека на групата и платил 100.000 евра.
Судот на Матијас Погба му изрече казна затвор од три години, од кои две условно, прогласувајќи го виновен за организирана изнуда и обид за изнуда.
Другите членови на организираната криминална група, Рушдан К., Бубакар С., Машикоур К., Мамаду М. и Адама Ц. се осудени на вкупна затворска казна од 26 години.