Connect with us

Тајмаут

Бразил запре за време на осминафиналето

Вчерашниот ден во Бразил го одбележаа „масовни задоцнувања на работа“  поради натпреварот на националниот фудбалски тим со Мексико, којашто  се одигра во 11:00 часот по локално време. Банки, маркети и други јавни установи отворија дури попладнето, пренесува ТАСС.

Државните службеници добија можност да ги напуштат работните места откако Федералната влада уште на почетокот на јуни донесе одлука за тоа.

Единствените кои беа „изземени“ од тоа право, се чини, беа вработените во кафулињата и угостителските објекти, кои вообичаено имаат и продолжено работно време за време на вакви настани.