Connect with us

Фудбал

Бразилците ги исвиркаа своите играчи, а Тите порача: „Разбирам зошто го направија тоа“

Репрезентацијата на Бразил синоќа со 3:0 ја совлада Боливија на отворањето на Копа Америка.

Бразилците пред своите навивачив во Сао Паоло дојдоа до лесна победа, но навивачите не беа премногу задоволни од изданието на нивниот тим. Во првото полувреме можеа да се слушнат и свирежи од трибината на „Кариоките“.

Но, тоа не го изненади селекторот Тите кој после натпреварот изјави дека не е ништо чудно што навивачите ги исвиркаа неговите играчи во некои моменти од натпреварот.

„Сите ги слушнавме свирежите. Мораме тоа да го разбереме. Навивачите сакаат да напаѓаме и да создаваме шанси и кога тоа ќе биде така, тогаш ќе има аплауз. Во првиот дел немавме никакви шанси и поради тоа не исвиркаа, но верувам дека ќе се поправиме“, рече Тите.

Бразилците го скршија отпорот на Боливија во второто полувреме. Два гола за „Кариоките постигна Кутињо, додека еден во самиот финиш на натпреварот постигна резервистот Евертон.