Connect with us

Други спортови

Бризил е задолжителен предизвикувач на Вајлдер

Американскиот боксер Доминик Бризил (33), кој во својата кариера има 20 победи (18 со нокаут) и еден пораз, го потврди статусот на задолжителен предизвикувач на шампионот на ВБЦ, Дионтеј Вајлдер.

Боксерот од Бруклин на настанот пред своја публика со десно кроше во 9. рунда го нокаутираше Порториканецот Карлос Негрон, а со тоа си закажа мега пресметка против неговиот сонародник Вајлдер, меч кој се чека на негово финализирање.

  • Знаев дека големиот ударач доаѓа. Се подготвував за таа десна рака цела вечер. Забележав дека од третата рунда ја спушта левата рака и кога направи чекор во лево, тогаш го погодив. Јас сум следниот кој ќе има дуел против Дионтеј Вајлдер и доаѓам по него. Знам дека и Вајлдер беше меѓу публиката на тој меч, но успеа да се сокрие од камерите. Тој знае дека јас сум следниот. Подобро е цврсто да го држи појасот, бидејќи доаѓам, истакна Бризил, познат како „Проблемот“.

Бризил веќе еднаш се бореше за титулата светски шампион во тешка категорија во 2016, кога Ентони Џошуа го нокаутираше во Лондон во борбата за ИБФ појасот.