Connect with us

Кошарка

Брукс во аут до крајот на сезоната

Младиот кошаркар на Мемфис, Дилон Брукс, поради повреда ја заврши сезоната во НБА лигата. Нему му беа оперирани лигаментите на палецот од десната нога и поради тоа ќе биде на рехабилитација до почетокот на следната сезона.

Тој во досегашниот тек од сезоната бележеше во просек по 7.5 поени по натпревар, додека во својата деби сезона во НБА лигата, која му беше лани, имаше просек од 11 коша по меч.