Фудбал
Бруно Алвеш потпиша за нов клуб на 40 -годишна возраст
Поранешниот португалски репрезентативец премина во грчкиот Аполон Смирнис како слободен играч.
По одличната кариера во Порто, Зенит, Фенербахче, Каљари, Ренџерс и конечно Парма, 39-годишниот стопер беше најавен од португалска Фамалика на две години во јули, меѓутоа беше отпуштен три недели подоцна.
Сепак, тој сега има нов клуб. Тој вечерва пристигнува во Грција за да помине лекарски преглед и да потпише договор со Аполон.
Минатата сезона, искусниот дефанзивец со 96 меѓународни настапи, забележа 19 настапи во Серија А како играч на Парма и постигна еден гол.
Тој веќе беше во Грција во 2004 година, кога дојде од Порто во АЕК од Атина на позајмица.