Connect with us

Фудбал

Бруно Фернандеш ја остави Македонија без Мундијал, Португалија патува во Катар

Македонската репрезентација го одигра финалниот натпревар од баражот за Светското првенство против Португалија. Домаќинот ја оправда улогата на фаворит и издвојува победа од 2:0.

Нашата репрезентација одлично го започна натпреварот, воведните минути се играа смирено на двете страни.

Во 14. минута од натпреварот Роналдо имаше одлична шанса за да го отвори резултатот но сепак беше непрецизен и остана 0:0.

Некаде на средината на полувремето Алиоски шутираше надвор од шеснаесетникот, но неговиот удар беше блокиран од одбранаа на Португалија.

Во 32. минута од натпреварот Бруно Фернандеш ја затресе мрежата на Македонија и донесе водство на Португалија од 1:0.

Второто полувреме Македонија го започна отворено, тргна по израмнување, но не успеа да најде дупка во одбраната на Португалија и да ја затресе мрежата на Коста.

Првата шанса во вториот дел Португалија ја имаше 53. минута од натпреварот Фернандеш шутираше надвор од шеснаесетникот, но тоа беше лесен плен за Димитриевски и резултатот остана 1:0.

Португалија во 65. минута од натпреварот го зголемува водството на 2:0, а стрелец повторно беше Фернандеш.

Нашите фудбалери дадоа се од себе, одиграа добар натпревар, но сепак Португалија патува за Катар.