Фудбал
Брутален судир на саудиски играч и голман, со колено во вилица, фудбалерот не мрдаше, а судијата не ја прекинуваше играта (ВИДЕО)
Многу гледачи останаа во шок по немилите сцени на стадионот „Лусаил“ во судиското надополнување на натпреварот помеѓу Аргентина и Саудиска Арабија. Чудо е како играчот Јасир Ал Шахрани остана свесен по нокаутот. Левиот бек на саудиската репрезентација, падна како покосен откако неговиот соиграч, голманот Мохамед Ал-Овејс, ненамерно го удри со колено во вилицата.
Omg Saudi Arabia’s defense against argentina is incredible pic.twitter.com/JkuGj8aqEk
— Markio (@Notallus) November 22, 2022
Во исто време, Ал Шахрани силно со глава удри по тревникот, а словенечкиот судија Славко Винчиќ веднаш не ја прекина играта!? Ја прекина играта откако имаше бурни реакции од фудбалерите.