Фудбал
Буфон одлучи?
Сеуште не е официјално, но ќе биде во наредните часови. Легендарниот голман Џанлуиџи Буфон (40) ќе ја продолжи својата кариера меѓу играчите на францускиот шампион на ПСЖ.
По 17 години, 40-годишниот стражар на мрежата одлучи да го напушти Торино, Јувентус. Иако се веруваше дека ќе се пензионира, ова на крајот нема да се случи и легендарниот голман ќе ја продолжи кариерата.
Џиги во наредните две сезони ќе ја брани мрежата на ПСЖ. Сите услови се договорени, се чека само официјална потврда и потпис на двогодишен договор вреден 16 милиони евра.
Буфон, одлуката за неговата кариера треба да ја објави во следните часови, а со ПСЖ, ќе има можност да го постигне она што не успеа со Јувентус, да ја освои Лигата на шампионите.
Џанлуиџи Буфон одиграл 876 натпревари во својата кариера, од кои 656 за Старата Дама.