Тајмаут
Буфон под истрага на УЕФА поради коментарот за судијата Оливер
Голманот на Јувентус Џанлуиџи Буфон е под истрага на УЕФА поради коментарот за судијата Мајкл Оливер по елиминацијата од Реал Мадрид во четврт-финалето на Лигата на шампионите.
Буфон заработи втор жолт картон поради приговор откако Оливер во финишот од натпреварот досуди пенал за Реал, по погодокот на Роналодо, Реал успеа да се пласира во полуфиналето на ЛШ.
По натпреварот, Буфон изјави дека судијата има “вреќа ѓубре наместо срце” и дека треба да седи на трибините и да јаде чипс, бидејќи го “уништи сонот.” Реал влезе во полуфиналето со вкупен резултат од 4: 3.
УЕФА соопшти дека 40-годишниот италијански голман е обвинет за кршење на “општи принципи на однесување”. Овој случај ќе биде решен на 31-ви мај.