Кошарка
Букер потпиша договор вреден 158 милиони долари со Феникс Санс
Младата ѕвезда на Феникс Санс, Девин Букер го обнови договорот со „сонцата“ за 158 милиони долари кои ќе ги добие за пет години.
Дваесет и едно-годишниот стрелец е сметан за новото лице на клубот и во голема мера врз него се вложени надежите за враќање во плеј-офот.
– Чест и привилегија е да се поврзам Феникс толку долго. Тоа е посебно место за мене, уште од доаѓањето во тимот пред три години и сум благодарен за вербата која тимот ја покажува во мене. Јас се радувам на иднината и се стремам да ја освојам титулата како дел од Санс, напиша Букер на Твитер.
Во 2017 година тој постигна 70 поени против Бостон и стана најмладиот што ја преминал границата од 60 поени во НБА. За трите сезони во најдобрата лига во светот, играчот има просек од 19,8 поени, 3,5 асистенции и 3,3 скока по натпревар, откако стана шампион во шутирање тројки на „Ол стар“ викендот 2018. Тој веќе ја мина границата од 4.000 поени, а само Леброн Џејмс и Кевин Дурант го направија тоа побрзо од него.
Заедно со избраниот под бр.1 од Драфтот, ДиАндре Ејтан и останатите млади кошаркари од Феникс, Букер се надева на сериозно подобрување во следната сезона, откако во минатата, тимот заврши со биланс 21-61, што беше најлошиот од сите тимови.