Connect with us

Други спортови

Буквата З скапо го чинеше рускиот гимнастичар, а тој тврди дека повторно би го направил истото

Меѓународната гимнастичка федерација (ФИГ) нема да има милост кон рускиот гимнастичар Иван Куљак.

Рускиот претставник Иван Куљак со својот потег ги налути сите кои се згрозени од војната во Украина. Крена многу прашина кога на маичката на градите во Доха ја нацрта буквата „З“, што стана симбол на поддршка за нивната војска во Русија за време на агресијата врз Украина.

Во Украина и остатокот од светот, со исклучок на оние делови каде што е поддржана Русија, буквата З означува смрт и уништување на градови и села, но рускиот спортист гордо ја носел на градите на церемонијата на доделување медали.

Работата да биде уште полоша, тој застана покрај украинскиот претставник кој во Доха го освои златото како бронзен медал со буквата З на градите. Тој повторно ги обвини Украинците …

„Видов како Украинците комуницираат со нас, па им вратив. Тие ни викаа „Слава на Украина“ за време на натпреварот, но повеќе од се бев фрустриран од тоа што побараа руските спортисти да биде исфрлен иако ние Не направивме ништо лошо. Дојдовме да се натпреваруваме, но до самиот крај не знаевме дали ќе астапуваме во финалето“, им се пожали на руските медиуми додавајќи дека „повторно би го сторил истото“.

За него беше побарано доживотно исклучување, но сепак доби казна која ќе го принуди во иднина да не прави такви работи и да се држи исклучиво за спортот.

Имено, неговиот тренер Валентина Родионенко изјави дека Куљак ќе биде исфрлен на една година.

Во руските режимски медиуми се наведува дека „меѓународната федерација ја донела оваа одлука под притисок на Украинците, а некои од нив дури и се залагале за доживотна суспензија“.

На крајот на овој месец треба и официјално да биде потврдена суспензијата на Русинот кој ќе остане без медал и ќе добие парична казна.