Connect with us

Фудбал

Бум во Лондон, Лукаку го засилува големиот ривал на Челзи?!

Ромелу Лукаку не е во плановите на Челзи, потврди и Маурисио Покетино, а сега се појави уште една опција – Тотенхем!

Не е тајна дека Тотенхем бара замена за Хари Кејн, парите не се проблем, иако Даниел Леви е „скржав“, има 100 милиони евра за засилување до крајот на мандатот.

Челзи е подготвен да го пушти Лукаку со попуст, особено на крајот од преодниот рок, а особено откако пропаднаа преговорите со Јувентус околу размената за Душан Влаховиќ.

Лукаку досега имаше само конкретни понуди од Саудиска Арабија, па Тотенхем навистина би бил вистинското решение.

Белгиецот би добил значителен влог, за место во тимот би се борел со Ричарлисон, кој баш и не се снаоѓа како напреден напаѓач.

Бројки се уште не се споменуваат, но не е невозможно да има забрзани преговори бидејќи до истекот на рокот остануваат уште само 11 дена.

Не треба да заборавиме дека Лукаку веќе еднаш преговараше со Тотенхем, кога менаџер беше Антонио Конте, но тогаш не беше постигнат договор, дали сега ќе биде поинаку?