Connect with us

Фудбал

Бунт во ПСЖ, играчите против тренерот?!

Актуелниот првак на Франција синоќа со минимални 1:0 го совлада Мец со што стигна до првата лигашка победа во оваа сезона. Претходно забележа два порази. Единствениот гол го постигна Јулијан Дракслер во судиското надополнување.

Меѓутоа овој триумф не ја врати атмосферата во клубот во редовите на ПСЖ. Ако може да им се верува на француските медиуми, ситуацијата во тимот секој ден се влошува, а наводно играчите се незадоволни од работата на тренерот Томас Тухел.

Наводно играчите не се мотивирани да играат и на тренинзите и во соблекувалната се шегуваат дека тактиката е „додај ја топката на Нејмар“.
Дел од француските играчи во овој тим сметаат дека Тухел фаворизира Јужноамериканци, а незадоволни се и со фактот што Маркињос игра последен играч за врска, наместо стопер.

Но, тоа не е се. Наводно сметаат дека Мауро Икарди мора да игра повеќе. Колку од ова има вистина и дали атмосферата ќе се подобри останува да се види.

loading...

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com