Connect with us

Тајмаут

Бурен бил љубовниот живот на Унаи Емери, две години имал две девојки

Поранешниот тренер на Арсенал, иако не воодушеви на клупата на „Топџиите“, сепак надвор од фудбалот, водел бурен живот. Неодамна во јавноста излезе неговата девојка Саша Рајт, која тврди дека Емери неа ја обвинил за отказот во Арсенал и ја оставил по двегодишна врска.

Меѓутоа ова не е се од љубовниот живот на Емери. Во исто време одржувал врска во Шпанија. Лусиа Вила Сегиу е негова долгогодишна девојка.

-Лусиа со него го пропатува целиот свет. Живееја како сопружници и заедно веќе 10 години и се уште се заедно, а изјавата на Саша дека биле заедно до минатиот месец направи навистина голема забуна, изјавил блиска личност на Емери за „Сан“.

Очигледно дека Емери водел двоен живот, а кој знае, можеби токму тоа му пречело да се покаже подобро на клупата на Арсенал.