Тајмаут
Бурниот живот на Жоржињо: Се разведе од сопругата поради својата љубовница и очекува бебе со трета жена
Бразилецот ЖорЖињо Фрело, кој игра за италијанската фудбалска репрезентација, води навистина бурен живот.
27-годишниот фудбалер на Челзи успеа да измами две жени за само неколку месеци – сопругата и љубовницата.
Жоржињо беше во брак со Наталија Летри од 2017, а пред тоа се забавуваа пет години.
Оваа нова година ја дочекана заедно во Лондон со две деца, и никој не очекуваше дека нивниот брак ќе се распадне.
Но, Бразилецот ја изневерли Наталија со вработената во Челси, Елиса Скалкон, а тоа го откри нејзиното поранешно момче Арон Хјуз.
Хјуз планирал да ја однесе Скалкон, кој работи во одделот за маркетинг на Челси, на романтично патување во Шри Ланка, каде што имал намера да ја запроси, но откри пораки во кои Елиса се допишувала со Жоржињо, каде се договараа за секс.
Елиса го убедила Арон дека погрешно ги разбрал пораките, па затоа тргнале на патување. Сепак, тој се премисли и не и предложил брак, а откако се вратиле во Лондон ја напуштил и јавно зборуваше за тоа што му се случило.

Романсата на Жоржињо и Елиса не траеше долго бидејќи тој, во меѓувреме, ја изневеруваше со Кетрин Хардинг, која објави дека е бремена и дека бебето е на Жоржињо.
Хардинг веќе има петгодишно девојче од врската со славниот британски актер Џуд Ло.