Connect with us

Фудбал

Чаби Алонсо, човекот кој од „фенерџија“ направи машина, немаат пораз

Од тимот кој лани во октомври беше претпоследен на табелата во Бундеслигата, до тим кој е на врвот точно по една година. Можно е, ако го имате Чаби Алонсо на клупата. Славниот Шпанец кој играчката кариера ја мина во Реал Сосиедад, Ливерпул, Реал Мадрид и Баерн Минхен, а во кариерата има две Лиги на шампиони, две европски првенства и едно Светско првенство, по големиот успех реши да се сврти кон тренерската работа.

Помина една година во јуниорските категории на Реал Мадрид, а од 2019 до 2022 година го водеше вториот тим на Реал Сосиедад во Сегунда. Тогаш во октомври претходната година му се укажа одлична можност на клупата на Баер Леверкузен. Оваа сезона, Леверкузен по 10 одиграни кола има скор од 9 победи и едно реми, со гол разлика 30-10. Во моментов се лидери во Бундеслигата.

Standings provided by Sofascore