Connect with us

Фудбал

Чаби за клупата на Ливерпул: Уживам во Леверкузен!

На Чаби Алонсо на редовната прес-конференција пред мечот на Баер Леверкузен во Бундеслигата со Борусија Менхенгладбах беше поставено прашање – дали во јуни ќе седне на клупата на Ливерпул?

Одговорот очекувано беше дипломатски…

„Пред се, изненаден сум од веста за Клоп. Имав огромна почит кон Јирген уште пред да дојде во Ливерпул, таа само порасна по се што постигна“, прво кажа неколку убави зборови за Клоп Алонсо.

Потоа поконкретно одговори на прашањето:

„Многу сум среќен во Леверкузен, уживам во мојата работа. Давам се од себе да им помогнам на играчите да бидат подготвени за следниот натпревар. Тоа е мојата цел и не знам што е следно. Тоа е сè што можам да кажам на оваа тема“.

Навивачите на Ливерпул сакаат да го видат Алонсо на клупата на својот клуб и логично ќе биде управата да се впушти во мисија да го ангажира тренерот кој го воодушеви светот водејќи го Баер Леверкузен. Има добри шанси да ја освои титулата.

Маршот кон титулата Баер го продолжува со дуелот со Борусија Менхенгладбах.