Connect with us

Фудбал

Чалханоглу побарал плата како на Ибрахимовиќ, Милан му рекол во јануари одиш на трансфер листа

Хакан Чалханоглу кој во оваа сезона бележи одлични партии побарал поглема плата од раководството на Милан. Наводно неговиот менаџер побал плата околу 7 милиони евра, односно да биде на ниво на Златан Ибрахимовиќ и Донарума. Но, наместо преговори, тој наводно добил одговор дека ќе биде ставен на трансфер листа.

Причините поради кои Милан не може да му ја зголеми платата е финансиската криза предизвиката од коронакризата.

Милан за 26-годишниот фудбалер, во 2016 година на Баер Леверкузен им платија 20.300.000 евра. Чалханоглу за Милан има одиграно 137 натпревари, постигнал 27 голови и забележал 40 асистенции.